Познатиот актер Шон Пен (62) е фотографиран во Рим со својата нова девојка, исто така актерка, Олга Коротјаева. Оскаровецот не крие дека е вљубен, а тоа го поткрепуваат и сликите од Рим. Шон и Олга се фотографирани во сосема опуштени и лежерни комбинации – уживале, шетајќи и гушкајќи се, а забележано е дека посетувале и скапи златарници.
Олга е позната по улогите во филмовите Le bonheur, Banking District, Blast и засега не е познато како се запознале. Минатата недела биле забележани на вечера во Малибу, кога почнаа гласините дека се заедно. Да потсетиме, Шон лани се разведе од актерката Лејла Џорџ, со која беше во врска од 2016 година, а раскинаа во 2020 година. Пен беше отворен за медиумите за разводот и изјави дека тој е виновен за разводот.