Шпанија одбива да игра квалификации против Косово

Шпанија одбива да игра квалификации против Косово

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Шпанија одбива да игра против Косово во квалификациите за Светското првенство во Катар, оти,  сметаат дека Косово не е држава. Истиот став во имаат и Грузија и Грција, кои се заедно со Шпанија и Косово во групата Б. Единствената земја од оваа група што го признава Косово е Шведска.

Но, ако Шпанија одбие да игра против Косово, може да има сериозни проблем, па дури и да биде елиминирана од квалификациите.

Медиумите во Шпанија потсетуваат дека нивната држава не го признава Косово како независна држава. Германскиот портал „Спорт1“ пренесува дека лесно може да се случи Шпанија да одбие да игра натпревар против „таканареченото Косово“.

„За разлика од властите во Грција и Грузија кои се уште не се изјасниле, Шпанците не дозволуваат нивната репрезентација да игра против Косово. Забраната е во сила поради бројните паралели со Каталонија и нејзините барања за независност. Шпанија веќе долго време е на страната на Србија, која војуваше за Косово“, пишуваат од порталот.

Share
Scroll to Top