Шпанска водителка вгради чип во задникот против стареење: Ефектите ги забележав после 15 дена

Шпанска водителка вгради чип во задникот против стареење: Ефектите ги забележав после 15 дена

пред 10 месеци

Познатата шпанска водителка Елза Анка (57) сака да го задржи младешкиот изглед на прагот на седмата деценија. Покрај здравата исхрана, вежбањето и понекоја естетска корекција, таа избрала и метод против стареење кој станува сè попопуларен во светот.

Не е тајна дека изгледот на жената со влегувањето во менопауза и падот на естрогенот, почнува да се менува. Елза решила да го спречи тоа така што вградила специјален чип во својот задник.

Чипот постепено ослободува естроген, за кој се верува дека помага во воспоставувањето на хормонална рамнотежа како во младоста. Самата интервенција чини 320 долари, но ретко се зборува за несаканите ефекти.

Како што вели, Елза ефектите од чипот ги почувствувала две недели по неговото врградување, но не онака како што очекувала.

-Ефектите ги забележав после 15 дена. Се чувствуваш малку мртво од струкот надолу, па оживуваш – изјавила таа за шпанската Фокус ТВ, а пренесува британски „Сан“.

Експертите тврдат дека овој чип е ист како и хормонските таблети, само што пациентот не мора да размислува кога треба да ги земе бидејќи чипот постепено и во точно одредена доза ослободува естроген.

Падот на нивото на естроген во менопаузата може да го забрза процесот на стареење. Овој хормон е важен бидејќи влијае на протеинскиот колаген, кој на кожата ѝ дава еластичност.

 

Share
Scroll to Top