post-image

Шпанските обвинители побараа осум години затвор за Шакира за даночно затајување

пред 2 години

Осум години затвор и парична казна од над 23 милиони евра за колумбиската пејачка Шакира, побара обвинителството на Барселона. Пејачката се товари за даночна измама од 14,5 милиони евра, пренесува шпански „Ел Паис“.

dobivaj vesti na viber

Ваквата одлука доаѓа откако Шакира одби спогодба, со која обвинителите сакаа да го затворат случајот за наводно даночно затајување од периодот од 2012 до 2014 година. Адвокатите на пејачката тврделе дека во тој период таа воопшто не живеела во Шпанија.

 „Шакира секогаш ги исполнувала своите даночни обврски и го смета овој случај за целосно кршење на нејзините права. Таа е целосно убедена во своја невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата“, соопштија адвокатите на Шакира пред три дена.

Шакира неодамна се раздели од нејзниот партнер фудбалерот Жерард Пике со кој има две деца.

Share
Scroll to Top