Шпанско училиште ги префрли училниците на плажа

Шпанско училиште ги префрли училниците на плажа

пред 4 години

Одговорните во училиштата во шпансиот регион Мурсија, почнаа да практикуваат поинаков начин на настава. Тие ги изнесоа ученциите на плажа на чист воздух, откако претходно целата година ја поминаа учејќи преку онлајн или со физичко растојание.

Сега учениците на плажа можат и да се забавуваат додека учат. Тие носат маска и надвор, некои се боси на песокот, а материјалот го совладуваат од подвижна табла.

„Безбедно е, децата навистина се забавуваат. Не го забораваат тоа што ќе го научат овде“, вели наставникот по англиски јазик Хуан Франсиско Мартинес.

Овие часови се дел од поголем проект насловен „Свеж воздух“, чија цел е подобрување на здравјето на децата за време на ковид пандемијата и почесто да го поминуваат времето на отворено. Осум класови земаат учество во 20-минутни предавања, а децата на возраст од три до 12 години цело време остануваат во рамките на своја група.

„Одлично е, бидејќи ем сум со моите другарчиња, ем сум на плажа“, вели 10-годишниот Луз.

Share
Scroll to Top