Што им е заедничко на глупавите луѓе

Што им е заедничко на глупавите луѓе

пред 9 месеци

Еден од најпознатите психијатри и татко на психоанализата, Зигмунд Фројд, преку своите по малку контроверзни, а за негово време провокативни ставови и тврдења, остави голема трага на психијатријата како медицинска дисциплина.

Зад Фројд останаа бројни мудри реченици, кои луѓето ги користат денес, препознавајќи ги различните маани на човечкиот род околу себе.

Зигмунд Фројд еднаш рекол: „Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“.

Затоа, кога ќе се најдете во ситуација кога сте изненадени од нечии постапки или однесување воопшто, или сте засрамени од нечии изјави или ставови, веднаш треба да разберете со каква личност си имате работа.

Луѓето кои не можат да се пофалат со претерано висока интелигенција често ќе се обидат да ве понижат. Во таква ситуација не треба да им се докажувате, ниту пак да се нервирате.

Ваше е да и помогнете на таа личност да разбере некои работи доколку сакате, но не треба да претерувате, бидејќи некои луѓе едноставно одбиваат да признаат дека грешат. Во спротивно, држете се настрана.

Исто така, пред такви луѓе не треба да ги намалувате своите критериуми и да правите отстапки за да им угодите. Заради нечие прифаќање и доверба, не треба да ја намалувате цената на вашето достоинство.

Покрај споменатото тврдење, Зигмунд Фројд имал уште многу, а еве и едно од најпознатите.

„Пред да си поставите дијагноза за депресија или ниска самодоверба, погрижете се да не сте опкружени со будали“.

Текстот Што им е заедничко на глупавите луѓе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top