Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, се наоѓа во исклучително лоша состојба, вели неговиот поранешен колега, Филип Стрејф. Шумахер е во тешка состојба, уште од 2013 година, кога се здоби со страшни повреди за време на скијање.
Лекарите мораа да го стават и во вештачка кома, за да го одржуваат во живот.
„Не знам зошто го држат во таква состојба со години“, рече Филип, поранешниот возач во Формула 1, за Шумахер, кој наскоро се очекува да добие и свој филм.
Изјавата на Филио силно ја загрижи јавноста, која речиси осум години очекува да слушне добри вести за состојбата на Германецот. Јавноста не знае премногу за состојбата на поранешниот возач на „Ферари“, затоа што неговата сопруга Корина не сакаше да открива многу.
Претходно за состојбата на Шумахер проговори и неговиот поранешен шеф, Жан Тод, но и тој не сакаше премногу да зборува во знак на почит кон желбата на неговото семејство.
„Шумахер е во кревет, во многу тешка состојба. Се чини дека има изгубено многу килограми. Не знам кој би сакал да го гледа својот татко или сопруг во таква состојба“, рече Филип, кој го посетувал Шумахер во клиниката во Греноблу, по несреќата.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Гвинет Палтроу откри кој е подобар во кревет, Бен Афлек или Бред Пит
По обвинувањата за силување, Рајан Рејнолдс ги избриша сите заеднички објави и реклами со ѕвездата од „Сексот и градот“ Крис Нот
Релаксирачки купки за одмор на сите сетила
(Видео) Тим на научници истражуваат кој е одговорен за рушењето на телескопот во Порторико со кој се бараат вонземјани
Харис Џиновиќ веќе нема да пее
