Ѓаволското море е пандан на Бермудскиот триаголник, на ова место исчезнале 700 луѓе

Ѓаволското море е пандан на Бермудскиот триаголник, на ова место исчезнале 700 луѓе

пред 4 години

Ѓаволското море (јапонскиот Ма-но Уми), познат и како Змејовиот триаголник, е подрачје во Тихиот океан, каде исчезнале повеќе од 700 луѓе. Ова место се наоѓа околу јапонското крајбрежје и островот Огасавара, кој вклучува добар дел и од Филипинското море.

Ѓаволското море лежи точно наспроти Бермудскиот триаголник, од другата страна на Земјата, па се смета за негов пандан.

Пред неколку илјадници години, Кинезите верувале дека на ова место, во морето живее монументален змеј, кој ги влече бродовите кон дното, за да се нахрани. Не чуди и тоа што исчезнувањето на бродовите во Ѓаволското море, денес многумина го припишуваат на ова митско суштество.

Постојат приказни како што е големиот монголски лидер Кублај-кан, кој се обидел да ја нападне Јапонија уште во 13. век, но во тој процес изгубил повеќе од 40.000 луѓе во Змејовиот триаголник.

Сепак, најпознатата приказна датира од 1952 година, кога исчезнал истражувачкиот брод Каио Мару број пет со цел екипаж од вкупно 31 лице. Истражувачите ги испитувале активностите од подводниот вулкан Мјојин шо и тие никогаш не се вратиле дома.

Според натписите на Чарлс Берлик, од 1989 година, во книгата „Ѓаволскиот триаголник“, јапонската војска од 1952 година до 1954 година, на ова подрачје изгубила пет брода, со околу 700 луѓе.

Поради тоа, Јапонското министерство го прогласило ова место за опасно уште на средината на минатиот век. Што станало со исчезнатите луѓе и бродовите, никогаш не било во целост разјаснето, исто како и во случајот со Бермудскиот триаголник.

Науката тврди дека не е во прашање паранормална активност, туку постоење на заробени количини на опасни гасови во морското дно. Поточно, станува збор за пронаоѓалишта на метански клатрат, кој на температура поголема од 18 степени целзиусови, може да предизвика силна експлозија и да ги потопи бродовите без никакви остатоци и докази.

Share
Scroll to Top