Ѓоковиќ го освои и Вимблдон

Ѓоковиќ го освои и Вимблдон

пред 5 години

Новак Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека е најдобар тенисер на денешницата, откако го совлада Матео Беретини со 3-1 во сетови. Ова е  шеста титула на Вимблдон и вкупно 20. гранслем трофеј во кариерата. Ѓоковиќ триумфираше во Лондон десет години по својот премиерен успех на британскиот гранслем турнир, а уште поимпресивно делува фактот дека тој го освои пехарот на третиот гранслем во 2021 година, по Австралија Опен и Ролан Гарос. Сега ќе има шанси следниот месец во Њујорк да испише историја како прв што во иста година триумфирал на сите четири најголеми турнири во светот на тенисот.

 

Share
Scroll to Top