Ѓоковиќ повеќе не е најдобриот тенисер во светот

Ѓоковиќ повеќе не е најдобриот тенисер во светот

пред 1 година






Новак Ѓоковиќ не е повеќе најдобриот тенисер во светот. Шпанецот Карлос Алкараз од понеделник ќе го превземе првото место на АТП листата и ќе го симне Србинот на втората позиција.

Алкараз се најде на врвот по победата над Алекс Де Минор со 6:4 и 6:4 и освоениот турнир во Квинс. Сега младиот тенисер има 80 бодови повеќе од Ѓоковиќ. Новак 388 недели беше на врвот, а сега привремено ќе биде на втората позиција.

Од 3 јули во Лондон ќе ја брани титулата на Вимбелдон. Тој е четирикратен последователен шампион на Отвореното првенство во Англија.

 

 






Share
Scroll to Top