Ѕвездата на серијата „Смолвил“ осудена на три години затвор

Ѕвездата на серијата „Смолвил“ осудена на три години затвор

пред 3 години

Алисон Мек, актерката која се прослави со серијата „Смолвил“, е осудена на три години затвор оти била дел од сектата Нексиум, која се занимаваше со криумчарење, трговија со секс, изнуда, опструкција и рекет.

Глумицата во април 2019 година ја призна вината за обвинението за рекет и за заговор, па затоа доби помала казна. Се очекува таа да биде испратена на издржување на казната на 29 септември, пренесува Ројтерс.

Пред да биде осудена, Мек во писмото до нејзините адвокати напиша дека ѝ е исклучително жал за целата ситуација и дека соработката со Кит Раниери, водачот на овој неславен култ кој е осуден на 120 години затвор, е најголемата грешка во нејзиниот живот.

Адвокатите на актерката побараа таа да не добие голема затворска казна бидејќи ги призна злосторствата, но и поради фактот што се кае за направеното.

Една од жртвите, Џесика Џоан, зборуваше и на изрекувањето на пресудата, па таа рекла дека Мек емотивно ја изманипулирала и на крајот ѝ наредила да го заведе Раниери, ветувајќи ѝ дека тоа ќе ја реши нејзината траума од претходното сексуално злоставување. Џоан рекла и дека не ја прифатила таа наредба. Другите „сексуални робови“ во оваа секта за време на судењето ја опишале Алисон Мек како неверојатно сурова личност која ги заплашувала и казнувала.

Меѓу членовите на овој култ беше и Индија Оксенберг (27), ќерка на холивудската актерка Катарина Оксенберг и внука на принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ.

Share
Scroll to Top