Глумецот Дин Кејн, кој се прослави со улогата на Супермен во серијата „Лоис и Кларк: Новите авантури на Супермен“, во едно скорешно интервју откри дека се откажал од кариерата за да биде самохран татко и да се грижи за својот син.
Иако во средината на 1990-тите стана светска ѕвезда, Кејн имал тешко детство. Роден е 1966 година како Дин Џорџ Танака, но никогаш не го запознал својот татко, бидејќи тој ја оставил мајка му. Кога Дин имал четири години, неговата мајка Шерон Танака се омажила за режисерот Кристофер Кејн, Тој подоцна го посвоил децата на Шерон, па Дин и неговиот постар брат Роџер го зеле презимето на очувот.
Нарушената врска со неговиот биолошки татко го обликувала актерот. Во јуни 2000 година, тој добил син со неговата девојка Саманта Торес, која била Плејбој зајачица. Детето го крстиле Кристофер, по очувот на Дин. Парот раскинал брзо по раѓањето на синот. Кејн брзо потоа почнал долга битка со Торес, за која тврдел дека користи наркотици и е алкохоличар, и барал да биде единствениот старател на синот. Во тоа успеал во 2011 година.
„Бидејќи немав татко, не сакав и мојот син да го доживее истото искуство“, вели глумецот.
Кејн се погрижил да биде со својот син постојано, дури и да му го зготви секој оброк.
„Го готвам секој оброк за моето дете. Ако не готвам, тој не јаде. Правам одличен стек, а умеам да ги претворам остатоците во нешто конкретно”, се пофали тој во една прилика.
Поради детето се откажал од кариерата, но вели дека не се кае и дека тоа што го направил не го гледа како жртва.
„Последните 18 години од мојата кариера беа условени со тоа што прво ќе бидам татко, а потоа актер“, додал тој.
Кејн бил присутен на секој тренинг на џиу-џицу, а на неговиот син му бил и тренер за фудбал, кошарка и бејзбол.
Некогашниот Супермен и денес глуми повремено, но од 2018 година е полицаец и работи во полицискиот оддел во Сент Антони во Ајдахо.