Јапонска пливачка ќе настапи на Олимпијадата во Токио откако ја победи леукемијата

Јапонска пливачка ќе настапи на Олимпијадата во Токио откако ја победи леукемијата

пред 3 години

Јапонската пливачка Рикако Ике ќе настапи на Олимпијадата во Токио, две години откако ѝ беше дијагностицирана леукемија. Таа постигна одличен резултат на трката на 100 метри пеперутка на националните квалификации и ќе ја претставува Јапонија во штафета во оваа дисцплина.

Ике го освои петтото место во оваа дисциплина на претходните Олимписки игри во Рио, кога имаше 16 години кога. Таа на почетокот на 2019 година објави дека има леукемија и цела година помина на лекување.

„Не верував дека можам да победам. Мислев дека тоа ќе дојде многу подоцна, мојот оригинален план беше да се квалификувам за Олимписките игри во 2024“, изјави Ике.

Таа откри дека по лекувањето едвај можела да скокне во базен.

Share
Scroll to Top