Јапонскиот оперски пејач Котецу ќе ја отпее македонската химна пред натпреварот Македонија – Австрија

Јапонскиот оперски пејач Котецу ќе ја отпее македонската химна пред натпреварот Македонија – Австрија

пред 3 години

Јапонскиот оперски пејач и вљубеник во Македонија, Казухиро Котецу, најави на Твитер дека ќе ја испее македонската химна во Јапонија пред натпреварот Македонија – Австрија на Европското првенство во фудбал в недела.

Басот од Токиската опера, кој испеа десетина македонски песни и ги сподели на Јутјуб, и на овој начин сака да ѝ даде поддршка на земјата што ја засакал при нејзината посета и настапите на сцената на Македонската опера и балет.

Share
Scroll to Top