Јапонскиот премиер Јошихиде Суга, се извини денес поради скапите вечери на кои трошел неговиот син. Извинувањето следуваше по оставката која ја поднела клучната портпаролка, а која заедно и со други високи државни службеници, била укорена поради присуствувањето на такви скапи вечери, за кои плаќал синот на Јошихиде.
Макико Јамада, секретарката за односи со јавноста во кабинетот, е жената која подела оставка. Таа оставката ја поднела од болницата во која е примерна поради зараза, соопштиле до владата, а пренесува „Ројтерс“.
Администрацијата на Јошихида и 60 годишната портпаролка, се соочуваат со критики од јавноста, откако списанието Shukan Bunshun, минатиот месец, известил дека најстариот син на Јошихиде, Сеиго, инаку станува збор за извршен директор во компанија која произведува сателитски телевизиски програми за емитери, им плаќал скапи вечери на влијателни државни чиновници.
Јапонскиот национален етички закон, за државна служба, им забранува на владините службеници да примаат подароци и да се забавуваат на сметка на компании или поединци кои даваат услуги.