Американската пејачка Деми Ловато (28) неодамна во јавноста се декларираше како небинарна личност, во превод, повеќе не користи заменка „јас“ за себе, туку заменка за множина „тие“, „овие“.
Таа нагласила дека промената претставува разновидност и слобода во нејзиното изразување на пол.
Небинарни личности не се идентификуваат ниту како мажи, ниту како жени, ниту се предмет на разни норми околу половите.
Деми уште во март оваа година објави дека е пансексуална личност (сексуална ориентација која се карактеризира со сексуална, емоционална и духовна привлечност спрема луѓето без оглед на нивниот пол или родов идентитет).
-Секој ден се будиме и добиваме нова прилика да бидеме она што сме, напишала пред неколку дена на социјалните мрежи.
-Денес е денот кога сум многу среќна бидејќи со вас ќе споделам дека од сега ќе се идентификувам како небинарна личност и официјално ќе ја променам својата заменка за „јас“ со заменката за множина „тие“.
Пејачката Деми Ловато во септември лани раскина со Макс Ехрлих, со кого била во врска од почетокот на пандемијата, а од тогаш не се појавува често во јавноста.