Јас сум п*чко, Ана: Раста раскажа за скандалот со бившата жена

Јас сум п*чко, Ана: Раста раскажа за скандалот со бившата жена

пред 3 години

Раперот Стефан Ѓуришиќ Раста и пејачката Ана Николиќ, се разведени, сепак до ден-денес се пријатели.

Во гостувањето на една емисија, Раста се потсети на едно од несогласувањата со неговата поранашна сопруга, поточно кога таа му ги уништи автомбилот и настана познатиот натпис: Јас сум п*чко, Ана.

Како што раскажа раперот, тој не се јавувал на телефон, поради што Ана побеснела и го изгребала неговиот скапоцен автомобил.

„Ситуацијата беше навистина смешна, никогаш нема да ја заборавам. Јас не бев тука, најсмешен момент ми беше кога ги вратив безбедносните камери за да видам што се случило. Тоа беше многу крими момент. Дојде во ноќница. Јас не се јавував на телефон, па тоа беше доволно. Се качи во такси, дури и таксистот ја чекаше. Ја гледав снимката, не траеше ниту една минута. Професионално ја заврши работата, најверојатно имала искуство од претходно. Неверојатна сцена која ми беше смешна и не е болна штетата што ми ја направи“, раскажува раперот.

Пејачот се потсети и на денот кога стави потпис во матично и се ожени со Николиќ.

„Ние бевме во врска која многу добро ја криевме без оглед на тоа што се следеше секој наш чекор. Еден ден само се облековме, отидовме во општина и се венчавме. Тоа беше моја визија за љубовта – не мора да има многу луѓе, столови со злато, туку да има суштина. Неверојатен е моментот што во општина влеговме инкогнито, а излеговме како „вест на годината“. Тоа не ми се допаѓаше, но бргу се навикнав“, вели Ѓуришиќ.

За потсетување, Ана и Раста од бракот ја имаат ќерката Тара.

Share
Scroll to Top