Ја измамил сопругата која сакала да го убие и да му ги земе парите

Ја измамил сопругата која сакала да го убие и да му ги земе парите

пред 1 година

Рамон Соса е човекот кој успеал да ја измами сопругата која сакала да го убие. Таа најмила професионален убиец, но откако тој дознал, ја лажирал сопствената смрт, само за да ја измами.

Соса раскажа дека се нашол во плиток гроб со рана од огнено оружје во десната слепоочнива, но сето тоа било маска, само за да ја измами жена му.

„Кога истражители ми го кажаа планот, мојата прва помисла беше дека се шегуваат“, рече Соса за „Фокс њуз дигитал“.

„Си милев дека имаат доволно докази за да ја уапсат.

„Точно е дека имаме докази, но таа е прекрасна дама. Таа е мајка на две деца, член на заедницата. Не сакаме да ризикуваме да одиме на судење, а еден од поротниците да се сожали на неа. Сакаме да им покажеме фотографија од тебе како лежиш мртов и тоа да го искористиме како доказ“, му рекле тие.

Соса приказната им ја раскажал на уредниците во популарната серија за вистински злосторства „За кого сум се оженил“, која се прикажува на програмата Investigation Discoveri. Емисијата ги истражува приказните на луѓе, чии партнери кријат страшни тајни од нив.

„Не сакам никој да мине низ она низ кое јас поминав. До денес луѓето ми велат дека не им се верува што ми се има случено, а јас им велат дека тоа може да им се случи и на нив, на секого“, рече Соса.

Соса е син на професионален борач, а својата боксерска кариера ја почнал во родното Порторико. Како тинејџер се преселил во Тексас, каде станал професионалец на 17 години. Брзо потоа се повлекол од рингот, па почнал да тренира други борци во Хјустон.

Со сопругата се запознал во 2007 година, кога имал 40 години. Се запознал на еден меч кога добил нокаут во ноќен клуб.

„Во тоа време не излегував со никого. Одма се заљубив во неа. Просто ме маѓепса. Не само што беше убава, туку знаеше и да танцува. Помина покрај мене и ме згазна, а потоа се извини. Ја прашав дали сака да танцуваме, па се забавувавме цела ноќ“, рече Соса.

Неговата сопруга Марија де Лурд Дорантес, позната како Лулу е со потекло од Мексико. Влегла во САД со виза за посетители со синот и ќерката. Била нетрпелива да почне нов живот во Хјустон. Романсата брзо напредувала, а Соса за кратко време ја побарал за жена.

Се венчале во 2009 година, а заедно отвориле вежбална следната година.

Но, веќе во третата година од бракот, Соса почуствувал дека нешто не е во ред.

„Кога доби американско државјанство почна да се менува во начинот на кој разговараше и се однесуваше со мене. Се сеќавам кога ми рече дека сега е Американка и дека ги има сите бенефиции. Ми падна тешко. Се обидував бракот да ни успее. Се обидував да бидам татко каков што треба, додека не станаа бунтовни кон мене. Ми беше тешко“, рече Соса.

Во нивната вежбална дошол клиент со име Мондо, кој почнал да се зближува со Лулу. Тој израснал на улица во источниот дел од Хјустон и сакал да почне нов живот. Лулу почнала да му се жали за сопругот.

Една вечер Мондо ја слушнал како разговара со нејзината ќерка. Тогаш ги слушал како сакаат да го убијат. Следниот ден Лулу му се правдала дека Соса физички ја злоставува.

„Би сакал да престане. Страв ми е“, му се доверила таа.

Тогаш Мондо и се понудил да и помогне да најмат професионален убиец, а веќе следниот ден го предупредил Соса.

„Тој знаеше дека минуваме низ тежок период“, објасни Соса и објасни дека кога Мондо му кажал што му подготвува сопругата, не сакал да му верува.

„Бев повреден, лут, во шок. И понатаму живеевме под ист покрив. Имав голема куќа на два ката. Таа живееше на едниот кат со децата и мајка ѝ. Јас живеев доле. Морав да одам дома за да видам дали навистина сака да ме убие. Морав да ја погледнам во лице“, рече Соса.

Објасни дека знаел зошто сакала да го види мртов.

„Целата работа се вртеше околу парите. Таа знаеше колку вредам ако сум мротв. Бизнисот почна да пропаѓа. Таа ја превзеде работата и многу наши клиенти го откажаа членството. Пари немаше. Беше фрустрирана затоа што разводот не и идеше. Таа се обиде да ми го уништи животот со лажни обвинувања дека сум ја злоставувал, дека сум пијаница. Претпоставувам дека чувствувала дека немала друг избор“, рече Соса.

Тогаш ја контактирал полицијата, но му рекле дека им требаат повеќе докази. Се здружиле со Мундо и почнале со аматерска детективска работа, собирајќи текстови и снимени разговори за најмување на убиец. Доказите им ги предале на истражителите.

„Полицијата се вклучи кога свати дека работата станува пресериозна и кога видоа дека сопругата сака да ме види мртов што побрзо. Разводот беше пред крај, а таа ме сакаше мртов предтоа, затоа што знаеше колку паро ќе добие. Ако умрам по разводот, моите деца ќе ги добиеја тие. Затоа сакаше брзо да исчезна,. Тогаш дојдоа прикриените истражители“, објасни Соса.

Но, за работите се докажат, на полицијата им била потребна фотографија од Соса мротв, како доказ дека делото е сторено.

„Ми ги покажаа фотографиите од мртви мажи со рани од куршум на главата“, рече Соса.

„Беше ужасно, но си реков да го направиме тоа“, додаде тој.

Соса позирал како рацете му се врзани. Истражителите му ставиле лажна крв, му нашминкале дупка од куршум за да фотографијата изгледа пореално. Тајниот агент кој се претставил како професионален убиец и ја покажал на Лулу фотографијата за време на договорениот состанок на паркинг.

Таа се смеела и му платила 3000 долари во кеш, а дури му понудила и накит и белиот камионет на Соса. Сето тоа било снимено со камера. Лулу на крајот била уапсена во 2015 година.

„Прво на кое се сетив кога влезе во преполната судница беа звуците од ланецот. Можев да ги слушнам на нејзините зглобови. Се сеќавам дека гледав доле во нејзините стапала и ги видов чевлите од 1 долар кои им ги даваат на затворениците. Оваа дама заврши во оваа земја затоа што сакаше подобар живот. Живееше добро. И купив скапи чевли, носеше убава облека, а сега е во комбинезон и ланци. Не мораше да заврши вака“, рече Соса. б

Рече дека и простил откако се изјаснила за второстепено договарање за смртно убиство. Сега ќе служи 20 години во затвор.

„Бев гневен откако се изјасни за второстепено договарање за смртно убиство. Сега ќе служи 20 години затвор. Имав толку бев во мене кон нејзиното семејство. Бев како темпирана бомба. Спиев со наполнет пиштол. Имав и пушка во мојата куќа. Ја чував и во автомобилот. Постојано беше со мене. Цело време гледав и од зад грб. Кога ќе одлучив да ѝ простам, се чувствував како кога целиот воздух се испушта од балон. Имаше толку омраза во мене. А тогаш ја испуштив. И се чувствував добро кога не бев толку гневен. Ниту еднаш не ме погледна. Последно на што се сеќавам беше звукот од ланците додека ја носеа“, рече Соса.

Соса денеска е повторно среќен. Најде нова љубов и се сврши. Напишал и книга која ја објавил во 2019 година, „Одев по сопствениот гроб“. Ако Лулу издржала до разводот, сега ќе имала половина од неговото богатство. „Но беше алчна и сакаше повеќе. Се надевам дека мојата приказна ќе ги охрабри другите да излезат од тешките ситуации и да си ги вратат своите животи“. рече Соса.

 

Share
Scroll to Top