Австралиската инфлуенсерка Леа Халтон (25) стана глобална сензација откако на социјалните мрежи беше прогласена за „најубавата жена на Коачела“, титула што експресно се прошири меѓу корисниците и ја постави во центарот на вниманието.
Нејзината популарност експлодирала по едно едноставно видео на Тик-Ток, во кое ја пее песната „Praise Jah in the Moonlight“. Видеото стана вирално и собра повеќе од милијарда прегледи, што ја претвори Леа во една од најследените инфлуенсерки во краток рок.

Појавувањето на познатиот музички фестивал Коачела само ја зацврсти нејзината позиција – сите погледи биле вперени кон неа, а коментарите за нејзиниот изглед го преплавија интернетот.
милионски заработки од социјалните мрежи
Со растот на популарноста, значително се зголемила и нејзината заработка. Според податоци од аналитички платформи, Леа минатата година заработила помеѓу 3,1 и 4,6 милиони долари, иако овие бројки не се официјално потврдени.
Нејзините приходи во голема мера зависат од бројот на прегледи и ангажманот на публиката, но дури и во послаб период, заработката не паѓа под околу 80.000 долари месечно.
Денес, Халтон ја следат околу 16 милиони луѓе на Тик-Ток, а токму оваа огромна публика ѝ носи приходи преку спонзорства, реклами и соработки со брендови.
од едно видео до светска популарност
Она што најмногу ја фасцинира јавноста е фактот дека целиот нејзин успех започнал со едноставно видео на кое пее на плејбек. Од тој момент, нејзината кариера тргна во нагорна линија, а денес важи за една од највлијателните млади инфлуенсерки.
Покрај славата и заработката, нејзиниот приватен живот исто така предизвикува интерес. Таа добива бројни пораки од обожаватели и додворувачи, но, според пишувањата, останува резервирана и не открива многу детали од личниот живот.
Со комбинација од изглед, харизма и моќ на социјалните мрежи, Леа Халтон покажа како едно видео може да го промени животот – и да донесе милиони.






