Ја ставив главата во канта за ѓубре, не мирисаше: Хју Грант за борбата со короната

Ја ставив главата во канта за ѓубре, не мирисаше: Хју Грант за борбата со короната

пред 3 години

Британскиот глумец Хју Грант уште на почетокот на годината ја прележал короната. Тој и неговата сопруга Ана Еберштајн се заразиле во февруари, кога болеста почнуваше да се шири и не беше толку позната. Глумецот во интервју деновите во кои бил болен, ги опиша како едни од најмачните во животот.

Тој откри дека му се појавиле чудни симптоми кога се заразил, а првиот симптом што го почувствувал е прекумерно потење.

„Набрзо потоа почнав да се чувствувам како очите да ми се три пати поголеми. Подоцна почнав потешко да дишам, како на градите да ми седеше дебел човек. Потоа го загубив вкусот, па и мирисот. ЈА ставив главата во кантата за ѓубре, но ништо, никаков мирис немаше. Сакав да го помирисам секој странец кој поминуваше покрај мене. Кога тој ден се вратив дома, веднаш се испрскав со најсилниот парфем од сопругата и пак ништо не почувствував“, раскажал тој.

Глумецот во интервјуто открил и дека неговата сопруга ги имала речиси истите симптоми. Повеќе од еден месец откако се разболеле, Хју и Ана почнале да се чувствуваат добро и да им се враќаат чувството за вкус и мирис.

Share
Scroll to Top