Веќе подолго време многу се зборува за наводната врска на Јелена Розга и Иван Хуљиќ, синот на Тончи и Вјекослава Хуљиќ. Среде гласините, фановите сега сфатија една работа што дефинитивно им го привлече вниманието.
Забележале дека Јелена и Иван не се следат на Инстаграм. Поради ова почнаа да се шират гласини, односно дека тоа е нивно суптилно огласување на врската, особено ако се земе предвид дека Розга ги следи таткото на Иван, Тончи, сестрата Хана Хуљиќ и нејзиниот сопруг Петар Грашо.
Розга и Иван беа снимени заедно во Торонто на почетокот на март. Со нив беше и Петар Грашо кој настапуваше со Розга. Нивните фотографии се појавија на Инстаграм, но во меѓувреме се избришани.
Гласините за нивната врска траат уште од минатата година. Српски „Курир“ на почетокот на годината објави фотографии направени во летото 2024 година, на кои се гледаат Јелена Розга и Иван Хуљиќ како шетаат низ Будимпешта фатени за рака.