Фолк-пејачот Јордан Митев на 20 јули ќе одржи солистички концерт на ракометното игралиште во Битола. Специјално гости на концертот ќе бидат Марјан Коцев и Демир Кантуровски со неговиот блех оркестар УСКА КАН од Берово.
Митев е еден од ретките македонски фолк-пејачи, кој повремено има големи солистички концерти низ македонските градови, но и надвор од Македонија.
Концертот почнува во 21 часот, а влезниците се веќе пуштени во продажба.