Јубулејното десетто издание на „Анимакс“ без награди поради корона-кризата

пред 3 години

Под мотото „Убавината ве чека“ ќе се одржи десеттото јубилејно издание на меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје Фест“.

На него ќе бидат прикажани 15 анимирани филмови во официјалната програма во вид на филмски маратон. Настанот ќе се одржи на 29 декември во Кинотека на Македонија со почеток во 18 часот.

Филмовите во официјална програма се избрани од од голем број анимации, меѓу кои најголем број од Франција, Англија, Германија, Шпанија, Русија, Бразил и други.

Заради специфичната здравствена ситуација во светот, овогодинешното издание ќе биде ревијално, без натпреварувачки карактер.

Во текот на оваа година „Анимакс“ беше организатор на повеќе работилници за анимација наменети за деца.

„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште „Тинтири-Минтири“ од Скопје, со поддршка на Град Скопје и во соработка со Кинотека на Македонија.

Целта на меѓународниот филмски на „Анимакс Скопје Фест“ е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

Share
Scroll to Top