„Њујорк Тајмс“ за вакцината на „Модерна“, има висока заштита и е ефикасна против коронавирусот

„Њујорк Тајмс“ за вакцината на „Модерна“, има висока заштита и е ефикасна против коронавирусот

пред 3 години

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ пренесе дека вакцината на биотехнолошката компанија „Модерна“ е високо заштитна и ефикасна против заболените со ковид 19.

Резултатите од анализите овозможуваат сојузните регулатори оваа недела, итно да ја одобрат вакцината и почетокот на нејзината дистрибуција во САД, пренесува „Тајмс“.

Агенцијата за храна и лекови на САД, има намера да ја одобри употребата на вакцината во петок, и на милиони Американци да им овозможи пристап на втората вакцина против коронавирусот.

Рецензијата на Агенцијата за храна и лекови, ја потври претходната проценка на „Модерна“, дека нејзината вакцина имала стапка на ефикасност од 94,1% во испитувањето на 30.000 луѓе.

Нуспојавите, вклучително и температурата, главоболката и заморот, биле незгодни, но не и опасни, утврдила Агенцијата.

Вестите стигнуваат во време на рекорден број на случаи на заболени со коронавирус, кои ги наполниле болниците и на сѐ поголемиот број на починати.

Share
Scroll to Top