Ќерката на Доналд Трамп, Тифани, објави дека се свршила на последниот ден од мандатот на нејзиниот татко како претседател на САД. 27-годишната Тифани ќе се мажи за Мајкл Булос, со кого е во врска околу една ипол година.
„Ми беше чест што прославивме многу важни денови, историски датуми и создадовме спомени со моето семејство тука во Белата куќа, но ниеден не е толку посебен како мојата свршувашка со мојот неверојатен вереник Мајкл. Благословена сум и возбудена пред следното поглавје што го почнуваме заедно“, напиша таа на „Инстаграм“.
Мајкл е е роден и пораснал во Нигерија, а има и либанско потекло. Со Тифани се запознале 2019 година во Лондон, каде што тој живее веќе неколку години. Семејството на Булос поседува конгломерат кој се занимава со малопродажба на автомобили, опрема и градежништво. Според пријатели на Тифани, Трамп наводно го прифатил Мајкл и покрај неговите африканските корени.