Ќерката на починатиот пејач Курт Кобејн, Френсис Бин Кобејн и Рајли Хок, син на познатиот скејтер Тони Хок, станаа родители. Ја изненадија јавноста бидејќи нејзината бременост ја чуваа во тајност.
Френсис сега објави фотографии од новородениот син и напиша: „Добре дојде на светот најубав син. Те сакаме повеќе од се“.
Таа го откри и неговото целосно име – Ронин Вокер Кобејн Хок.
Скејтерот Тони Хок беше меѓу првите кои ја коментираа објавата. „Мојот омилен внук“, напиша тој.
Освен него и нејзините пријателки, честитки упатија уште некои познати личности. „Честитки од се срце“, напиша актерката Зелда Вилијамс, ќерка на починатиот актер Робин Вилијамс. Фронтменот на R.E.M, Мајкл Стајп, кој е кум на Френсис, исто така напиша: „Ви ја испраќам сета љубов и добра енергија на светот“.
Френсис Бин Кобејн и Рајли Хок се венчаа на почетокот на октомври 2023 година во Лос Анџелес. Нејзина кума беше познатата актерка Дру Баримор.
Ова е втор брак за 31-годишната Френсис. Таа се омажи за музичарот Исаја Силва во 2014 година, но се разведоа по две години брак.
Кога Курт почина во 1994 година, Френсис имаше само една и пол година, а честопати во медиумите изјавуваше дека не може да прежали што пораснала без татко. Веќе како тинејџерка, Френсис се борела со зависности, а во 2016 година решила да оди на рехабилитација. Откако се ослободила од зависноста, таа ја поправила врската со нејзината мајка Кортни Лав, со која не разговарала со години.