Ќерката на Лиза Мари Присли откри дека станала мајка во текот на комеморацијата

Ќерката на Лиза Мари Присли откри дека станала мајка во текот на комеморацијата

пред 2 години

Рајли Кео, најстарата ќерка на Лиза Мари Присли, стана мајка. Нејзиниот маж, Бен Смит Петресен, на комеморацијата посветена на Лиза Мари, што се одржа во Грејсленд, го прочита говорот што го напишала Рајли, и откри дека таа и Бен добиле ќерка.

„Се надевам дека ќе можам да ја сакам својата ќерка како што ти нè сакаше мене, мојот брат и сестрите. Фала ти што ми даде сила, моето срце, мојата емпатија, мојата храброст, мојата смисла за хумор, моите манири, темперамент, мојата упорност. Јас сум производ на твоето срце, моите сестри и брат ми се производ на твоето срце“, стои во говорот на Рајли.

Смит-Петерсен и Кео се венчаа пред осум години. Тие не зборуваат за својот приватен живот во јавноста, па освен што преку говорот Рајли откри дека добила ќерка, не кажа кога се родило бебето и како се вика.

За потсетување, Лиза Мари почина на 12 јануари од срцев удар на 54 години.

 

Share
Scroll to Top