Ќерката на Силви: „Мајка ми е вистинска ромска кралица“

Ќерката на Силви: „Мајка ми е вистинска ромска кралица“

пред 3 години

Брачно-музичката двојка „Силви бенд“ минатиот викенд го изведе мјузиклот „Ромален“ во германскиот град Ахен. Овој пат со Силви и Влатко настапи и нивната ќерка Деа, која објави неколку слики од мјузиклот.

„Мајка ми е вистинска ромска кралица, горда сум на неа. Срце полно благодарност што имав можност да создадам магија заедно со моето семејство“, напиша Деа на една од сликите што ги сподели на „Инстаграм“.

Деа Плевнеш живее во Холандија каде што дипломираше џез-тапани, а работи и како диџеј.

Инаку, мјузиклот „Ромален“ ги содржи најубавите ромски песни и го опишува темпераментот на Ромите, рече неодамна Силви за „Репортер“.

Силви и Влатко првпат го изведоа „Ромален“ пред три години, а потоа со мјузиклот играа низ цела Македонија, но настапуваа и во соседството. Концертот изобилува со народни и традиционални носии, со прекрасна музика и ромски романси од целиот свет и броен оркестар на сцена.

 

 

Share
Scroll to Top