Триесетгодишната Изабела Бела Кидман Круз, ќерка на поранешните сопружници Никол Кидман (55) и Том Круз (60), не сака да има ништо со нејзините славни родители. Таа е посвоена и ретко зборува и објавува за приватниот живот. Но, неодамна сподели селфи со новата фризура.
Бела по професија е моден дизајнер, но е и уметник која претпочита да објавува некои од своите дела на „Инстаграм“. Вели дека е девојка која сака да експериментира со нејзианта фризура и да ја менува бојата на косата, од црвени до руси прамени. Има завршено и фризерски курс и знае различни техники за стилизирање на косата.
Одамна го изгубила контактот со нејзините познати родители Круз и Кидман. Најголемиот дел од проблемите настанале поради скиентологијата. За потсетување, Том и Никол ја посвоија во 1992 година со нејзиниот брат Конор, која сега има 28 години.
Холивудската двојка се разведе кога Бела имала осум кодини и веќе некое време не се во контакт. Не беа ниту на нејзината свадба во 2015 година кога Бела се омажи за Макс Паркер со кого живее во Лондон.