Ќерката на Црнокрак позира во фустан што мајка ѝ го носела пред 27 години

Ќерката на Црнокрак позира во фустан што мајка ѝ го носела пред 27 години

пред 2 години

Една од најпознатите македонски манекенки, Светлана Црнокрак, на Фејсбук објави слики на кои и таа и ќерката Моника носат ист фустан. На едната слика е Светле пред 27 години, на почетокот на кариерата, кога имала 19 години, а на другата е Моника, која го носи истиот фустан денес на 24 години и ги имитира позите на мајка си.

„Каква мајка, таква ќерка“, „Светле биди горда, си родила две убавици“, ѝ коментираат пријателите на фотографиите.

Светлана, која е 25 години во брак со Мики Црнокрак, освен Моника, ја има и ќерката Нина (11). Моника од пред неколку години се бави со манекенство и веќе освои неколку титули за убавина. Таа неодамна дипломираше на Економскиот факултет.

Share
Scroll to Top