Ќерката на Чолиќ како спасувачка од „Бејвоч“ на Хвар

Ќерката на Чолиќ како спасувачка од „Бејвоч“ на Хвар

пред 11 месеци

Уна Чолиќ (20), ќерка на познатиот српски пејач Здравко Чолиќ, овие денови ужива на јадранското крајбрежје. Таа објави неколку фотографии од нејзиниот одмор на Хвар.

Фотографиите се направени на брод, на кои таа позира во црвени бикини.

„Дива и слободна“, напиша Уна.

„Убава душа“, „Убавица“, „Гордоста на тато“, се само дел од коментарите на нејзините следбеници.

Инаку, Уна на Инстаграм ја следат повеќе од 40 илјади луѓе со кои секојдневно споделува детали од приватниот живот.

Чолиќ ја има Уна со сопругата Александра со која е во брак од 2001 година, а покрај неа парот ја има и помалата ќерка Лара.

Share
Scroll to Top