Ќерката на Чолиќ украла 20.000 евра од семејниот сеф за да му купи автомобил на дечкото

Ќерката на Чолиќ украла 20.000 евра од семејниот сеф за да му купи автомобил на дечкото

пред 3 години

Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна тајно зела околу 20.000 евра од сефот на нејзиниот татко за да му купи автомобил на своето момче. Како што пренесуваат српските медиуми во семјството на Чолиќ пристигнала полиција поради недостатокот на голема сума пари, а во тој момент неговата ќерка признала се и ги вратила парите.

dobivaj vesti na viber

Пред неколку месеци од сефот на нејзиниот татко зела голема сума пари со цел да му купи нов автомобил на својот дечко. Веднаш штом ги зела парите, отишле во салонот за автомобили, каде ги погледнале моделите. Но автомобилот кој им се допаднал не бил достапен во салонот, пренесуваат српските медиуми.

Пејачот забележал дека му недостасуваат многу пари од сефот, поради што повикал полиција. Сопругата на Александар ги известила и нејзините ќерки кои не биле дома и им кажала дека имаат проблем и дека се украдени пари.

Уна кога го слушнала тоа, се збунила и веднаш дошла во семејната вила, каде признала се. Таа им се извинила на родителите што им подготвила ваква непријатна ситуација и морала да повика полиција, па им ги вратила парите, приближно 20.000 евра, пренесуваат српските медиуми.

Share
Scroll to Top