Ќеси со храна оставени на закачалка за поубави празници, хумана акција на пиљара во Гевгелија

Ќеси со храна оставени на закачалка за поубави празници, хумана акција на пиљара во Гевгелија

пред 2 години

Пред локалната пиљара „Кај Кецот“ во Гевгелија на дрвена палета со закачалки, хумани граѓани оставаат ќеси со храна. Целта е да им ги разубават празниците на граѓаните кои не можат и немаат да си дозволат храна.

Оваа локална продавница има и мото „Ако имаш донеси, ако немаш понеси“ и апелираат за сите оние кои навистина немаат и им е потребна храна да се послужат од оставените ќеси.

„Да ги направиме празниците убави за сите“, стои во објавата на пиљарата.

„Браво за иновативноста и хуманоста за вас, секогаш инспиративни и оригинални, пример за човечност“, „Браво за идејата и за хуманите граѓани“, „Браво, браво, браво. Тоа го можат само вистинските луѓе. За поздрав сте“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

Share
Scroll to Top