„Ќе го претепам кога ќе излезам од притвор“, Раста му се закани на Ѓорѓе Давид

„Ќе го претепам кога ќе излезам од притвор“, Раста му се закани на Ѓорѓе Давид

пред 4 години

Раперот Стефан Ѓуриќ – Раста преку своите адвокати му се заканил на Ѓорѓе Давид дека ќе го претепа кога ќе излезе од притвор откако Дејвид јавно побара Раста да биде казнет за своето дело. Раперот неодамна беше уапсен со неколку грама марихуана, а уште еден килограм беше пронајден во неговиот стан, по што полицијата го обвини за препродавање дрога.

„Раста беше навистина изнервиран поради изјавите на Ѓорѓе Дејвид. Тој не сфаќа зошто рокерот си дал за право да се меша воопшто, особено што никој од музичката сцена не го критикуваше Раста. Тој е навистина лут. Кога го посетија адвокатите викаше на глас: Ќе го тепам штом излезам! Кој е тој да навлече гнев и омраза кон мене и да ги повика медиумите и полицијата да ме уапсат! Дали е тој можеби закон?! Ги става во опасност моето семејство и дете, она што го направив е моја работа! Ќе го претепам и ќе го тужам“, рекол извор од затворот за српските медиуми.

За потсетување, запрашан што мисли за раперот што е уапсен со многу дрога, но и за тоа дека колегите го поддржуваат со пораката „правда за Раста“, Давид, кој е и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, изјави дека не се сложува со нив.

„Кога ќе те фатат, тогаш одговараш. Многу просто и едноставно. Секој треба да одговара за своите постапки, без разлика дали е сообраќаен прекршок, тепачка, дрога, возење под дејство на алкохол. Ако утре некој колега ја претепа сопругата или некој музичар убие човек, дали и тогаш ќе бараат правда за него, само затоа што е јавна личност“, рече тогаш Давид за српски „Телеграф“.

„Ако пејач убие човек и за него ли ќе барате правда?“ – Ѓорѓе Давид лут на колегите коои сакаат да се ослободи Раста

Share
Scroll to Top