Сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокузо се огласи по вчерашната прес-конференција на фудбалерот, во која тој се збогуваше со тимот на Барселона.
Антонела рече дека тешко е да се прераскаже во неколку реченици сè што преживеале овие 21 година, колку што Меси играше за каталонскиот клуб.
„Толку емоции кои оставија трага во нашите животи. Но, како се вели, она што не може да те убие, те прави посилен“, рече Антонела под објавата на фотографијата со семејството.
„Повторно ќе излеземе на теренот, посилни од кога било. Кога одиме, одиме сите заедно, но, секогаш одиме напред. Те сакам љубов моја“, му порача Антонела на Меси во јавната објава, која за кратко време собра преку милион лајкови.
Фановите и заблагодарија за сè што направи таа и Меси за Барселона.
„Ве обожавам. Само убави работи да ви се случуваат во животот. Сигурен сум дека ќе продолжи да создава историја како и досега. Излегувањето од зоната на комфорот е тешка работа, но, освојувањето на сето тоа што следи е неверојатно“, и напишаа тие.
Антонела е првата љубов на Меси и таа беше постојано на трибините и го бодреше сопругот на секој фудбалски наптревар. Двајцата се запознале уште кога имале само пет години. Тие се венчаа во 2017 година во Аргентина. Ги имаат тројцата синови Тиаго, Матео и Цироа.