Ќе се мажам во лелеава венчаница: каратистката Пулексенија Јовановска на саемот за венчавки

Ќе се мажам во лелеава венчаница: каратистката Пулексенија Јовановска на саемот за венчавки

пред 2 години





Најдобрата македонска каратистка, Пулексенија Јовановска, првпат облечe венченица и со неа прошета на модната писта на Саемот за венчавки, кој се одржа во хотелот „Александар Палас“.

Македонската олимпијка изгледаше како вистинска дама, a носеше венчаницата на македонскиот бренд „Монсоло“, на модната дизајнерка Моника Ангелевска.„Прво искуство ми е со венчаница, но јас сум човек што сака предизвици и нови искуства. Експериментирам во се што правам, така и со овој предлог, па ете се појавив и на модната сцена. Ако ме прашуваш што мислам за гламурот, искрено, за мене гламур и елеганција претставува едноставноста и добриот квалитет. Така е и во однос на венчаниците.“, вели за Репортер, каратисктака Јовановска.

Венчаницата што ја носела била изработена од лелеава свиленкаста органза која паѓа совршено. “Поточно тоа е моделот „Александра“ и е дел од нивната најнова колекција ‘’Ројал колекција“ . Носев македонскиот бренд кој ги претставува своите колекции рамо до рамо со светските брендови за венчаници. Дизајнерката Моника Ангелевска има јасни визии и длабока инспирација за секој детал што го прави“, ни раскажува Пулексенија за искуството на саемот за вечавки.

Каратисктака ни открива дека најбитно од се е што се чуствувала пријатно во  венчаницата. Но уште повеќе ја радува што е дел од оваа модна приказна.

„Уживав на сцената. Ја носев со насмевка, смело и сигурно. Таква беше и самата венчаница. И затоа сметам дека најбитно за секоја невеста да ужива на тој ден во конформа венчаница. И секако да ја носи со насмевка и многу љубов“, искрена е Јовановска.

 

Ја прашевме и дали веќе ја замислила својата веначица, ако реши да се мажи, на што таа вели : „Венчаницата само по себе потсетува на венчавка во свет храм, така и за мене. Ми пролетааа идеи за мојата венчавка, не би рекла свадба. Тој прекрасен чин на вечна љубов, на верност, на тие прави вредности за кои што и всушност ја носиме венчаницата. И сега знам дефенитивно каква венчаница ќе носам. А тоа е комфорна. Да се чуствувам слободна и своја. Лелеаво своја. И верувам дека скоро секоја девојка го сонува тој момент“, искрена е Пулексенија. 

Александра Георгиев 





Share
Scroll to Top