Ќе се мажи Дунавка Трифуновска: Ја запросив во авион

пред 3 години

Некогашната манекенка и бизнисменка Дунавка Трифуновска ќе се мажи. Веста ни ја потврди нејзинот дечко Ване Цветанов, поранешниот директор на финансова полиција, со кого таа подолго време е во љубoвна врска. Ване за  Репортер ни откри дека наскоро ќе има вечавка.

„Согласно Христијанските обичаи, после запросувањето во авион кон Турција, јас и Дунавка закажавме датум за прстенување кој ќе биде во втората половина на февруари. Прстенување е свечен чин кој што се прави во црква и е првиот дел од венчавањето. За останатиот дел од венчавката немаме точен датум, но ќе биде во Хрватска во текот на летото“, ни раскажа за Репортер Ване Цветанов .

За потсетување, тој и Дунавка се некое време во врска, а првпат во јавноста се дозната летоска, кога беа заедно на одмор во Турција. Тогаш Дунавка за нивната љубов рече дека во Ване ја нашла својата сродна душа.

Љ.Владимиров 

Share
Scroll to Top