Ќе те сакам засекогаш, Ванеса емотивна за роденденот на Коби Брајант

Ќе те сакам засекогаш, Ванеса емотивна за роденденот на Коби Брајант

пред 3 години

Вдовицата на НБА-ѕвездата Коби Брајант, Ванеса, сподели емотивна објава на Инстаграм за 43. роденден на трагично загинатиот кошаркар. Таа објави спомен фотографија од нив двајца,

„Среќен роденден. Ќе те сакам засекогаш, вечна љубов”, напиша таа во описот на фотографијата, по што коментираа нејзините следбеници кои изразија почит и љубов за славниот кошаркар.

Коби и Брајант се запознаа во ноември 1999 година за време на снимање на спот, кога тој имаше 21, а таа 17, по што веднаш започнаа врска. Тие се верија шест месеци подоцна, а во 2001 година направија венчавка. Парот доби четири ќерки: Наталија, Џијана, Бјанка и Капри.

Лани на 26 јануари, Коби, Џијана (13) и седум други лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија. Во несреќата животот го загубија и Пејтон Честер (13), Сара Честер (46), Алиса Алтобели (14), Кери Алтобели (46), Џон Алтобели (56), Кристина Маузер (38) и пилотот Ара Зобајан (50).

По неговата смрт, Ванеса го презеде раководството на Гранити Студиос, мулти-медиумска компанија на нејзиниот покоен сопруг и повторно ја отвори добротворната непрофитна спортска фондација „Мамба и Мамбачита“, посветена на дуото татко-ќерка, која им помага на младите девојки во спортот.

Share
Scroll to Top