Ќе ја продадам „Тесла“ ако докажат дека моите милијарди ќе го решат проблемот со гладот во светот, вели Илон Маск

пред 3 години

Најбогатиот човек во светот, милијардерот Илон Маск, побара од Обединетите нации да ги докажат своите тврдења дека мал процент од неговото богатство може да го реши проблемот со гладот во светот.

Маск реагира по коментарите на директорот на Светската програма за храна на ОН, Дејвид Бизли, и побара од милијардерите да помогнат на еднократна основа. Бизли директно ги повика Маск и основачот на „Амазон“, Џеф Безос, со коментар дека со шест милијарди долари 42 милиона луѓе може да се спасат од умирање.

„Ако Светската програма за храна отворено ми опише како шест милијарди долари може да го решат проблемот со гладот во светот, јас веднаш ќе ги продадам моите акции во ‘Тесла‘. Но, сè мора да биде јавно за да види јавноста како точно се трошат парите“, напиша Маск на „Твитер“.

„Тесла“ минатата недела стана една од ретките компании чија вредност достигна еден трилион долари. Богатството на Маск, кое се проценува на 311 милијарди, порасна за 9,3 милијарди во само еден ден, на 29 октомври.

Share
Scroll to Top