Џенан Лончаревиќ викендов ќе пее во „Венеција урбан бар и кичен“

Џенан Лончаревиќ викендов ќе пее во „Венеција урбан бар и кичен“

пред 3 години

Српскиот пејач Џенан Лончаревиќ на 12 февруари ќе има настап во „Венеција урбан бар и кичен“ во Скопје. Пред македонската публика тој ќе ги испее своите најголеми хитови „Све моје љубави“, „Тишина“, „Кад оставе те сви“, но и преработки на некои од старите ју-песни кои со години ѝ се омилени на публиката.

Настапот на Џенан е прв од многуте што ќе ги организира „Венеција урбан бар и кичен“ во наредниот период.

Организаторите велат дека за време на настанот ќе бидат испочитувани сите мерки против Ковид-19. Забавата ќе почне од 21 часот.

Share
Scroll to Top