Џенифер Анистон е љубоморна на Лејди Гага и Бред Пит

Џенифер Анистон е љубоморна на Лејди Гага и Бред Пит

пред 4 години

Популарната актерка Џенифер Анистон е љубоморна на пејачката Лејди Гага и Бред Пит, пишува таблоидот New Idea. На Анистон не ѝ било сеедно да слуша за нивното флертуваање за време на снимањето на нивниот нов заеднички акциски филм Bullet Train.

Еден од членовите на филмската екипа со која Бред и Гага го снимаат новиот филм вели дека двајцата се постојано заедно и дека оскаровецот ужива во нејзиното друштво.

„Бред има цел да стане нејзиниот учител по глума за нивниот прв заеднчки акциски филм. Колку повеќе се дружат на сетот, толку таа му е попривлечна“, открил изворот.

Медиумите пренесуваат дека на Анистон ѝ се вратиле сеќавањата од 2005 година кога Бред се заљубил во Анџелина Џоли додека работел на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

 

 

Share
Scroll to Top