Џенифер Анистон за гласините дека имала афера со Обама: Не бев лута поради тоа

Џенифер Анистон за гласините дека имала афера со Обама: Не бев лута поради тоа

пред 9 часа

Актерката Џенифер Анистон гостуваше во емисијата на Џими Кимел Лајв каде зборуваше за најлудите трачеви кои се пишувале за неа. Меѓу другото, таа се осврна и на напис во магазинот InTouch, во кој покрај фотографија од неа и поранешниот претседател Барак Обама, пишува – Вистината за Џен и Барак.

За гласините дека имала тајна романса со Обама, таа рече: „Не бев лута поради тоа. Тоа е целосно невистина“. Таа вели дека не била блиска со Обама и дека ја познава неговата сопруга Мишел подобро од него.

Таа исто така рече дека не е точно дека на своите кучиња им поставила филтер за вода против стареење од 4.000 долари и дека нема црн појас во џиу-џицу. Сепак, вели дека има одредена вистина во некои други гласини.

На гласините дека Џенифер ивбризгувала сперма од лосос во лицето, одговори: „Зарем не личам на лосос? Зарем немам убава кожа? рече таа.

И дека често патува со тегла маслинки и чува вреќа со пепелта на нејзиниот покоен терапевт, одговори: „Звучам како навистина да ми треба терапевт после ова“, се пошегува таа.

Share
Scroll to Top