Џенифер Анистон му се врати на бившиот

Џенифер Анистон му се врати на бившиот

пред 3 години

Популарната холивудска актерка Џенифер Анистон (52), му се врати на својот поранешен партнер, американскиот пејач, текстописец и гитарист Џон Мајер (43), пишуваат светските медиуми.

Како што пренесува магазинот Who, двајцата биле видени како излегуваат од ресторан, а претходно фановите тврдат дека го виделе и нејзиното куче, на неговиот профил на апликацијата „Тик Ток“. Познато е дека Џенифер ретко се двои од нејзиниот миленик, па многумина сметаат дека во тие моменти таа била заедно со него.

За потсетување, двојката беа заедно околу година дена во 2008 и 2009 година. Се запознаа на забава за Оскарите, но, нивната љубов не траеше долго. Се шпекулираше дека причината за тоа е затоа што Џон и бил неверен и дека не сакал да се венча со Анистон.

 

Share
Scroll to Top