Џенифер Анистон откри за кого гласала: Неколку мажи во ја држат моќта на одлучување, премногу луѓе умреа

Џенифер Анистон откри за кого гласала: Неколку мажи во ја држат моќта на одлучување, премногу луѓе умреа

пред 4 години

Џенифер Анистон преку социјалните мрежи покажа ги замоли своите следбеници да излезат на гласање и добро да размислат кому да му го дадат својот глас.

Како што откри, таа гласала предвреме и своето глсачко ливче го пратила преку пошта. Џенифер не крие дека гласала за Бајден и за неговата заменичка Камала.

„Гласав за нив, зашто во моментов нашата земја е поделена повеќе од кога било претходно. Неколку мажи во рацете ја држат моќта на одлучување, а  што тоа да не можат и жените. Нашиот моментен претседател заклучи дека расизмот не е проблем. Во повеќе наврати јавно ги игнорираше проблемите. Премногу луѓе умреа. Се работи за иднината на оваа земја и на целиот свет“, напиша Џенифер во објавата.

Таа апелирарше нејзините фанови да размислат кому ќе му го дадат својот глас, бидејќи тоа ќе се одрази на сите нив.

„На вашите ќерки, на ЛГБТ заедницата, нашите браќа и сестри Афроамериканци, постарите луѓе со здравствени проблеми и вашите идни деца и внуци, кои ќе имаат задача да ја спасат планетата за која актуелната влада мисли дека не е загрозена. Целата оваа работа не се однесува само на еден кандидат или проблем, туку на иднината на земјата и на светот. Гласајте за еднакви човечки права, за љубов и пристојност“, напиша Џенифер.

Исто така глумицата се осврна и на кандидатурата на раперот Канјде Вест.

„Не е смешно да се гласа за Канје. Не знам што друго би кажала. Бидете одговорни“, додаде Џенифер.

 

Share
Scroll to Top