Глумицата Џенифер Анистон во изминатиот период снимала филм во Париз. Таа го снимаше продолжението на Murder Mystery, за „Нетфликс“ и призна дека престојот во метрополата на Франција правела да се чувствува беспомошно, поради војната во Украина.
„Бев три месеци далеку од дома. Но, беше предизвикувачко само затоа што не сум била толку далеку од своите кучиња од почетокот на пандемијата. Исто така Украина е тука блиску“, рече Анистон за People.
Таа додаде дека се чувствувала беспомошно додека ја снимала комедијата, откако Путин ја започнал војната во Украина годинава. Но, рече и дека со оваа комедија сака да им ја врати насмевката на сите, затоа што смета дека смеата е важна во животите на луѓето.
За потсетување, Мurder Mystery 2 е комедија на „Нетфликс“ што ја сними со Адам Сендлер (55).