Џенифер Лопез дојде во Њујорк за снимањето на емисијата Live with Kelly and Mark. Се прошета целата во леопард принт, а најмногу ги изненади фановите со изгледот. На ракавите носеше перја, но сите ја гледаа и коментираа за задникот.
Многу ја пофалија за нејзиниот изглед, но имаше и такви кои коментираат дека пејачката повеќе го нема сексипилот како порано.
„Каде ти е славниот газ?“, ја прашаа тие.
За потсетување, пејачката на почетокот на кариерата стана популарна најмногу поради задникот кој ѝ беше заштитен знак. Позната е и сцената во спотот Jenny from the Block во која Бен Афлек ја допира, а потоа го имаше осигурано на 27 милиони долари.