Џенифер Лопез е љубоморна на новата девојка на Марк Антони

Џенифер Лопез е љубоморна на новата девојка на Марк Антони

пред 3 години

Пејачката Џенифер Лопез е љубоморна на новата девојка на нејзиниот поранешен сопруг, Марк Антони, пишуваат светските таблоиди.

Нивните односи се заладија, откако пејачот повторно се заљуби во 44 годишната реална ѕвезда Евелин Лозада.

„Лопез е бесна, затоа што е свесна колку Евелин е згодна. Американските медиуми пишуваат дека пејачката не ѝ е ни до колена и поради тоа Лопез е очајна. Постојано ги прашува пријателките која од нив две е позгодна“, открива извор близок до поранешната двојка.

Марк и Евелин се запознаа пред три месеци и оттогаш се не се двојат еден од друг. Наводно Енотни веќе ги запознал нејзините две деца и сите одлично се согласуваат. Марк е воодушевен од новата девојка. Не сака да се одвои од неа. Веќе неколку пати изјавил дека е посреќен од кога било претходно во животот“, открива неименуван извор за „Дејли Мејл“.

Лопез и Антони беа во врска од 2003 година, а заедно ги имаат и близнаците Максимилиан и Ема. Нивната љубовна романса траеше десетина години. Се венчаа во 2004 година, неколку дена откако Антони се разведе од неговата поранешна сопруга Дајанара Торес.

Венчавката се одржа во нивната вила на Беверли Хилс, пред 40 одбрани гости. Поради работата Марк и Џенифер се разведоа, но и понатаму останаа во добри односи поради децата.

Share
Scroll to Top