Џенифер Лопез знае како да привлече внимание со модните изданија: деколтеран фустан и капут од 7.000 долари

Џенифер Лопез знае како да привлече внимание со модните изданија: деколтеран фустан и капут од 7.000 долари

пред 2 месеци

Џенифер Лопез е позната по своите модни избори кои навистина привлекуваат внимание, а најново во низата беше изданието кое го избра за вечера со своите близнаци.

Имено, пејачката се појави на АФИ Фест со ќерката Ема и синот Макс и вокалниот тренер Стиви Меки.

Таа за таа прилика облече Ердем мантил со јака и извезени детали на горниот дел, кој чини 7.095 долари. Одоздола облекла слип фустан со нагласено деколте во бебешка розова боја со сребрени детали.

На нејзините нозе беа сандали со потпетици Paris Texas Lidia кои чинат 417 долари. Косата и беше пуштена, а лицето и било нагласено со шминка.

Пред тоа, таа се појави на АФИ фест каде го промовираше својот претстоен филм „Unstoppable“, а за таа прилика облече крем бела јакна, бела кошула, кафен ремен и розово мини здолниште. На нозете имаше салонки на поголема платформа.

Актерката и пејачка последните денови е во центарот на вниманието поради разводот со Бен Афлек. Таа неодамна за прв пат зборуваше за тоа во интервју за магазинот Интервју.

Share
Scroll to Top