Џенифер Лопез (54) и Бен Афлек (51) денес слават прва годишнина од бракот, а пејачката сподели порака за глумецот.
„Драг Бен, седам овде сам го гледам мојот прстен. Преплавена со емоции, сакам да пеам. Како стигнавме овде, без понатамошно одложување. ‘Ова е живот”, се стиховите кои Џенифер му ги посвети на Бен.
Пејачката сподели и фотографии од венчавката, како и една на која двајцата се бакнуваат, а во позадина има голем огномет. Двајцата се свршија пред 20 години, но не стигнаа до олтарот. Судбината повторно ги спои и сега повторно уживаат во бракот, иако папараците ги ловат и додека се препукуваат.
Двапати одеа до олтарот. Првиот пат на 17 јули минатата година во Лас Вегас во мала бела капела, кога Џенифер официјално го промени презимето.
„Успеавме. Љубовта е убава. Љубовта е љубезна. И испадна дека љубовта е трпелива. Синоќа летавме за Вегас, застанавме во ред за лиценца со уште четири двојки, сите на ист пат до свадбената престолнина на светот“, рече тогаш Лопез.
Вториот пат кога го кажаа судбоносното да беше на големиот имот на Бен во Џорџија. Гламурозната венчавка траеше три дена. Џенифер смени три венчаници, сите дизајнирани од Ралф Лорен. Цената на секој се проценува на еден милион долари. Откри и како се чувствувала неколку дена пред венчавката.
„Вистината е дека никогаш не се сомневав. Цела недела се чувствував смирено и уверено дека сме во божји раце, рече Лопез.