Џесика Алба на 15 години била киднапирана и пронајдена врзана во багажник

Џесика Алба на 15 години била киднапирана и пронајдена врзана во багажник

пред 2 години

Актерката Џесика Алба важи за една од најпосакуваните жени на светот, а иако на многумина им се чини дека сега живее бајковит живот, таа некогаш поминала низ многу тешки периоди.

Џесика е родена во Помона, а нејзиниот татко бил вработен во воздухопловните сили, поради што семејството често се селело. Поради честите преселби, Џесика имала проблеми да најде пријатели, а често била болна и многу пропуштала на училиште.

Актерката еднаш отворено проговорила за здравствените компликации кои ги имала како тинејџерка и истакнала како се соочила со инфекција на бубрезите, колабирање на белите дробови и астма.

„Мајка ми имаше рак кога беше многу млада, а јас пораснав со хронични болести. Имав пет операции пред да наполнам 11 години, а често бев хоспитализирана поради алергии“, раскажала актерката.

Она што исто така ги шокирало нејзините фанови е фактот дека Алба била киднапирана на само 15 години. Тоа се случило во 1996 година додека таа го снимала своето прво шоу „Flipper“. Во тој период почнала да добива чудни телефонски повици, но мислела дека се работи за безопасна шега. Меѓутоа, како што понатаму се наведува, Џесика била киднапирана и никој ништо за неа не знаел цели 14 часа.

На крајот била пронајдена врзана во багажникот на автомобил, а киднаперот останал анонимен. Актерката никогаш не сакала да зборува за ова во јавноста.

Во една прилика истакнала дека често ја осудувале поради физичкиот изглед, а во црквата доживувала непријатност.

„Се сеќавам во црквата еден постар човек сакаше да ме удри, а мојот свештеник рече дека тоа е затоа што носам провокативна облека, иако тоа не беше вистина. Се чувствував виновна што бев пожелна за спротивниот пол. Се срамев од своето тело“, изјавила Алба.

Среќата ја нашла со колегата Кеш Ворен со која има три деца.

Share
Scroll to Top